Ремонт во Милан: Кој потфрли, кој останува да ги брани „Росонерите“?

Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ и челниците на италијанскиот великан Милан постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона, додека е под знак прашалник дали поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ ќе остане на „Сан Сиро“.

Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ и Милан постигнале договор според кој шведскиот напаѓач треба да остане на „Сан Сиро“ до јуни 2022 година. Sky Sport Italia наведува дека вредноста на договорот е околу седум милиони евра, вклучително и бонуси, а договорот треба да биде потпишан во следните 10 дена.

Ибрахимовиќ се очекува да добие 6,5 милиони евра, плус дополнителни 500.000 евра во случај „Росонерите“ да се пласираат во Лигата на шампионите.

Сепак, судбината на поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ е неизвесна. Дел од медиумите објавија дека е малку веројатно дека Милан ќе му понуди договор на Манџукиќ за следната сезона.

Манџукиќ пристигна како слободен агент за време на јануарскиот преоден рок, но досега одигра само 158 минути. Од можни 16 натпревари, тој настапи само на пет, а само на еден започна од првата минута. Сепак, причина за тоа се и двете повреди што ги имаше.

„Манџукиќ има девет натпревари да се бори за својата иднина во Милано“, тврди Sky.

Во неодамнешното интервју за La Gazetta dello Sport, селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, изјави дека Манџукиќ се опоравил и дека е подготвен да му помогне на клубот од Милано.

„Манџукиќ победуваше каде и да играше, а сега се опорави и е подготвен да му помогне на Милан. Сепак, никој не треба да очекува од него да игра како што играше порано“, изјави хрватскиот селектор.

Искусниот спортски новинар Николо Шира вчера на Twitter објави дека Милан нема да го продолжи четиримесечниот договор со Манџукиќ кој завршува на крајот на мај.

„‘Росонерите’ имаат опција да го продолжат договорот до летото 2022 година, но нема да го направат тоа затоа што техничкиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара не се задоволни од Хрватот“, напиша тој.

Не е јасно дали турскиот играч за врска Хакан Чалханолу ќе остане на „Сан Сиро“. Медиумите наведуваат дека преговорите се во застој и се шпекулира дека Чалханолу може да го напушти клубот без обештетување ова лето и да се пресели во Јувентус.

Играчот наводно сака пет милиони евра годишно, за што Милан не се согласува.

Италијанците наведуваат дека исходот на ситуацијата го следат англиските гиганти Арсенал и Челси, кои би можеле да се вклучат во ловот на Чалханолу.

И Алесио Ромањоли, 26-годишниот стопер на Милан, наводно ја одбил последната понуда за продолжување на договорот со „Росонерите“.

Договорот на италијанскиот дефанзивец истекува во 2022 година, а неговиот менаџер Мино Рајола е во потрага по нов договор кој на неговиот клиент би му донел шест милиони евра годишно, што е приближно двојно поголема од платата што ја зема според актуелниот договор.

La Gazzetta dello Sport наведува дека и во случај да не се постигне договор, Ромањоли нема причина за загриженост. Барселона е заинтересирана за него, како и големиот ривал на Милан, Јувентус. Проценката е дека отштетата би можело да изнесува околу 20 милиони евра.

реклама

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе