Револуционерниот телескоп James Webb пристигна на својата дестинација во вселената

Вселенскиот телескоп James Webb на НАСА, кој треба да обезбеди нови сознанија за најраните фази на вселената, вчера пристигна на својата дестинација во орбитата околу Сонцето, на околу милион и пол километри од Земјата.

Точно еден месец откако беше лансиран од Француска Гвајана, телескопот James Webb ги изврши своите последни маневри за да се стационира во Сончевата орбита на позиција позната како Лагранж точка број 2 или L2, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Постојано ќе биде усогласен со Земјата

На таа позиција во вселената, James Webb ќе биде постојано усогласен со Земјата, бидејќи телескопот и планетата заедно ќе орбитираат околу Сонцето, овозможувајќи непрекината радиокомуникација. За споредба, претходникот на Webb, вселенскиот телескоп Hubble, орбитираше околу Земјата на растојание од 550 километри, излегувајќи и влегувајќи во сенката на планетата на секои 90 минути.

Комбинираната гравитација на Земјата и Сонцето ќе го одржи телескопот James Webb во стабилна позиција, така што ќе биде потребна само минимална употреба на неговиот ракетен погон за одржување на орбитата, изјави научникот на НАСА Ерик Смит.

URL

Револуционерен инфрацрвен телескоп

Станува збор за револуционерен инфрацрвен телескоп од 9 милијарди долари, кој НАСА го претстави како водечка опсерваторија за вселенска наука за следната деценија. Телескопот е стопати почувствителен од вселенскиот телескоп Hubble и се очекува длабоко да го промени разбирањето на универзумот и местото на човекот во него.

James Webb главно ќе го набљудува универзумот во инфрацрвениот спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Hubble дејствуваше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

Работата во инфрацрвеното подрачје исто така значи дека James Webb ќе сними светлина што влегла во овој спектар низ милијарди години црвено поместување.

Така тој ќе може да сними вселенски објекти кои досега не сме имале можност да ги видиме - првите ѕвезди и галаксии кои се формирале уште во раните денови на вселената, кога тој имал само околу 100 милиони години.

Овие објекти потоа емитувале главно ултравиолетово зрачење, а повеќе од 13 милијарди години, поради проширувањето на вселената, минувало низ целиот видлив спектар и сега може да се открие само како многу слабо инфрацрвено зрачење. Снимањето на првите големи структури во вселената треба да открие многу досега непознати факти за формирањето на првите ѕвезди и галаксии.

Главното огледало на телескопот, кое се состои од 18 шестоаголни сегменти берилиум обложени со злато, има многу поголема површина за собирање светлина.

Ќе може да се проучуваат и супермасивните црни дупки

Покрај истражувањето на формирањето на најраните ѕвезди и галаксии, астрономите ќе можат да ги проучуваат и супермасивните црни дупки, за кои се верува дека ги зафаќаат центрите на далечните галаксии.

Инструментите на James Webb ќе овозможат да се бараат докази за атмосфера која поддржува живот на егзопланетите, особено постоењето на јаглерод диоксид и метан, но и на многу поблиски вселенски тела како што се Марс или ледената месечина на Сатурн, Титан.

Телескопот James Webb не е наменет да бара хемиски „биомаркери“ кои би отишле чекор понатаму во потврдување на вонземски живот.

Во наредните недели претстои фино нагодување на инструментите на вселенскиот телескоп, а се очекува тој да биде целосно оперативен за неколку месеци.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе