Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Роботската ајкула која ја измисли компанијата RanMarine би можела да даде значителен придонес во чистењето на реките.

Основач на компанијата RanMarine е Ричард Хардимен, кој идејата за роботска ајкула ја добил откако гледал како двајца мажи се мачат обидувајќи се од својот чамец да соберат отпад.

„Собираа отпад од водата додека ги дуваше ветер. Нивниот начин ми изгледаше неефикасен“, вели Хардимен за Euronews.

Својот робот го нарекол WasteShark, а дизајнот е инспириран од големите вилици на ајкулите кои голтаат сѐ што ќе им се најде на пат. Роботот за еден ден може да собере до 21 илјада отпадни шишиња.

„Ова е автономна машина која собира отпад од вода на површинско ниво. Тој отпад може да биде пластика или нешто друго, дури и биомаса како алги“, додава тој.

Remote video URL

Роботот засега се користи во реката Темза на подрачјето на лондонски Канари Ворф, кој секојдневно го посетуваат 120 илјади луѓе поради работа или шопинг. Со ова подрачје управува Canary Wharf Group, група која има предводено бројни иницијативи за намалување на количината на пластика за еднократка употреба. Меѓутоа, и покрај напорите, чаши за кафе и пакувања за храна сепак завршуваат во водите.

Роботот WasteShark е идеален за собирање на таквиот отпад, а покрај тоа е и еколошки прифатлив.

„Го дизајниравме така што да нема никакво штетно влијание на околината во која работи. Ќе забележите многу чамци што половат додека екипажот собира отпад, но тие чамци користат гориво, така што и тие по малку ги загадуваат водите“, вели Хардимен.

WasteShark го нема тој проблем бидејќи користи електричен погон, а покрај тоа е и доволно тивок за да не им смета на животните.

„Патките и лебедите се оддалечуваат од него, а не е ни доволно брз за да фати риба, така да е одлично решение“, завршува Хардимен.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе