Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Манчестер Јунајтед за саботното премиерлигашко дерби против Челси, официјално соопшти вечерва клубот, додавајќи оти сите останати фудбалери се подготвени и фокусирани на претстојниот натпревар.

Португалецот се најде на удар на жестоки критики откако го напушти вчерашниот натпревар против Тотенхем пред истиот да заврши. Роналдо ќе го пропушти следниот натпревар, а нема да тренира со првата екипа ниту во следните три дена.
Британските медиуми јавија денеска дека Роналдо на дуелот против Тотенхем, исто така, одбил да влезе во игра од клупата за резерви и го напуштил стадионот „Олд Трафорд“ во 89-тата минута.
Ова не е првпат сезонава Роналдо да напушти натпревар на својот тим пред судијата да означи крај. Истото го стори и на полувремето на пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано. откако беше заменет.