Роналдо отвори и петти хотел: Луксуз и високи цени, базен, спа и посебна исхрана

Португалскиот фудбалер продолжува да заработува на други начини, а сега го отвори својот петти хотел.

Кристијано Роналдо бара начин да го напушти Манчестер Јунајтед, а во меѓувреме заработува на други начини. Неодамна го отвори својот петти хотел и тоа во Маракеш, главниот град на Мароко.

Португалскиот фудбалер веќе има отворени неколку хотели во Лисабон, Мадрид, Њујорк, неговата родна Мадејра, а сега и во Мароко. Сите го имаат истото име, Pestana CR7. Сега се појавија и снимки од новиот хотел.

„Имате сѐ во него, дури и базен на покривот. Одлично е опремен, има 174 луксузни соби. Има и спа центар, теретана, има и можност за изнајмување деловен центар за организирање состаноци. Погледот е прекрасен, бидејќи можете да ги видите планините Атлас. Цените не се евтини, ноќевање чини од 158 до 372 фунти“, пишуваат британските медиуми.

Гостите во неговиот хотел можат да нарачаат разни специјалитети, а тој ја препорачува својата специфична и здрава исхрана. Тоа е наводно и најбараното од менито во хотелскиот ресторан во Маракеш.

„Кога го отворив првиот хотел во 2016 година, мојата амбиција беше да создадам меѓународен бренд. По тој хотел во Мадејра, беа отворени хотели во Лисабон, Мадрид и Њујорк. Овој хотел во Маракеш за мене има посебно значење. Чувствувам посебна врска со овој град“, вели Кристијано.

Новата сезона во Премиер лигата за Роналдо не започна како што се надеваше. Ерик Тен Хаг го испрати на клупата, против Брајтон влезе во игра дури во вториот дел, а неговиот тим го загуби тој натпревар. „Црвените ѓаволи“ денеска ги очекува дуел со Брентфорд, а се шпекулира дека Португалецот ќе биде во стартниот состав за оваа пресметка.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе