Рубљов ги насмеа сите по поразот од Ѓоковиќ: Не, не, не! Не сакам повеќе да играм против Новак

Андреј Рубљов ги насмеа сите пред дуелот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз кога рече дека ништо не научил од претходните дуели против него, а по загубениот меч во салата Берси добивме нова изјава која ќе се прераскажува.

Андреј Рубљов даде сѐ од себе за да го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз, го освои првиот сет, беше на чекор од освојување на вториот, но не успеа. Србинот уште еднаш покажа зошто е најдобар на сите времиња.

Кога Рубљов во полуфиналната најава истакна дека ништо не научил од претходните натпревари против Ѓоковиќ, таа негова изјава стана вирална и ги насмеа сите тениски фанови ширум светот, а по загубениот меч во Берси добивме нова изјава која ќе се прераскажува.

Колегите кои известуваа од Берси му го поставија на Русинот следново прашање:

„Што мислиш, што ќе направи разлика на следниот меч што го играш против Ноле?“

Русинот беше искрен:

„Не, не, не! Не сакам следен пат да играм против Новак! Тоа е сѐ што сакам“.

Но, можност за нова средба меѓу Рубљов и Ѓоковиќ веќе постои на завршниот Мастерс во Торино, кој започнува на 13 ноември.

Ноле во финалето оваа недела од 15 часот ќе игра против Григор Димитров, моментално 17-ти тенисер во светот.

реклама

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе