БУНДЕСЛИГА 2019/20

Рурското дерби му дава шмек на рестартот на Бундеслигата

Бундеслигата дефинитивно се реактивира претстојниов викенд, а на програмата е и големото Рурско дерби помеѓу Борусија и Шалке 04.

Конечно љубителите на фудбалот ќе имаат можност повторно да уживаат во квалитетен фудбал. Доста беше преноси од Никарагва, Белорусија и Таџикистан, почнува Бундеслигата, една од најквалитетните лиги во светот.

Наместо во петок вечер, рестартот на Бундеслигата ќе биде во сабота од 15.30 часот со пет натпревари. Меѓу нив и големото дерби на лутите ривали од Дортмунд и Гелзенкирхен, Борусија и Шалке 04.

Домаќините ќе бидат без Емре Џан, капитенот Марко Ројс, Нико Шулц, Дан-Аксел Загаду и Аксел Вицел, додека тренерот Лусјан Фавр допрва ќе види дали ќе може да смета на Марсел Шмелцер кој има мускулни проблеми.

На спротивната страна Давид Вагнер нема посериозни проблеми бидејќи во неговиот тим неизвесни се единствено Озан Кабак, капитенот Омар Маскарељ и Бенжаман Стамбули.

Ова ќе биде вкупно дерби број 156 во сите официјални натпреварувања. Шалке 04 е подобар со 60 победи, Борусија има 52, додека 43 пати играле нерешено. И гол-разликата е на страната на тимот од Гелзенкирхен со 294 наспроти 238 постигнати голови. Последната пресметка во октомври на „Фелтинс“ арената заврши без голови.

Лидерот Баерн својот натпревар ќе го одигра в недела гостувајќи во главниот град Берлин кај тимот на Унион.

Сите натпревари ќе се играат без присуство на публика, а на трибините ќе бидат поставени картонски слики од навивачи со што наместо празни столчиња оддалеку ќе се добива слика како да има луѓе.

Сабота, 15.30 часот:
Борусија (Д) - Шалке 04
Фортуна - Падерборн
Лајпциг - Фрајбург
Хофенхајм - Херта
Аугсбург - Волфсбург

Сабота, 18.30 часот:
Ајнтрахт - Борусија (М)

Недела, 15.30 часот:
Келн - Мајнц

Недела, 18 часот:
Унион - Баерн

Понеделник, 20.30 часот:
Вердер - Баер Леверкузен

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе