Русија го згасна независниот весник Новая газета

МИА/КАЈГАНА
/ 05.09.2022 / 14:21

Без медиумска дозвола остана еден од последните независни весници во Русија, Новая газета. Руската агенција за регулирање на медиумите Роскомнадзор, обвини дека весникот не доставил документи за промена на сопствеништво од 2006 година.

Главниот уредник Дмитриј Мураков, добитник на Нобелова награда за мир за своите напори да го поддржи критичкото известување во Русија, надвор од судницата изјави дека одлуката е „политичко убиство без нималку правна основа“.

Тој најави жалба од страна на весникот.

URL

Новая газета е основан во 1993 година со средства од Нобеловата награда за мир на покојниот советски лидер Михаил Горбачов. Се формираше како водечки руски истражувачки медиум, иако слободата на печатот во Русија, постепено се намалуваше.

Весникот во март престана да известува за руската инвазија, по предупредување за кршење на новиот закон што наметнува строга цензура за известувањето на конфликтот во Украина.

Потоа редакцијата на весникот формираше интернет портал во Европа, чии извештаи исто така беа блокирани од руските власти.

Муратов остана во Русија и во саботата ја предводеше погребната поворка на Горбачов, неговиот финансиски покровител и пријател.

реклама

Свет

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Read more

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Read more

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе