САД: Расте бројот на НЛО на небото во изминатите 20 години

Расте бројот на непознати објекти на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но, не потврди за живот надвор од Земјата.

Американскиот Конгрес за првпат во над 50 години одржа јавна расправа на тема „неидентификувани појави во воздухот“.

– Од почетокот на 2000-те, забележавме зголемен број на неидентификувани случаи, појасни Скот Бреј, заменик-директор за разузнавање за морнарицата на САД.

Тој порастот го препиша на „значајните напори“ што војската на САД ги вложува, со цел да го „демистифицира самиот чин на известување за набљудувањата“ и технолошкиот напредок.

Сепак, се нагласи оти не е откриено ништо „што би упатувало на тоа дека феномените настанале надвор од Земјата“. Но, не била исклучена оваа можност.

Во јуни 2021 година, американската разузнавачка служба во долгоочекуваниот извештај, наведе за немање докази за постоење на вонземјани, признавајќи за десетици појави, забележани од воените пилоти, што не можат да се објаснат.

Некои се објаснуваат со присуството на дронови или птици, што ги збунуваат американските воени радарски системи. Други пак, може да се препишат на тестирање воена опрема и технологија од сили како на пример на Кина и на Русија.

– Неидентификуваните феномени во воздухот можат да бидат закана за националната безбедност, предупреди демократот Андре Карсон, претседател на парламентарниот одбор, што ја организираше јавната расправа.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе