СЕРИЈА А 2021/22

Сасуоло ги убедува Интер и Милан: Ќе се бориме чесно до крај

Серија А дојде до своето последно коло в недела во кое ќе се реши и овогодинешниот шампион, а тоа ќе биде една од миланските екипи.

Разликата помеѓу водечкиот Милан и второпласираниот Интер е само 2 бода, а промена на врвот на табелата може да се случи в недела доколку Милан загуби на гостувањето кај симпатичниот Сасуоло, и се разбира, доколку Интер ја совлада Сампдорија. Токму затоа големо внимание добива овој „мал“ клуб од Емилија-Ромања.

„Неровердите“, односно „Црнозелените“, немаат некој посебен мотив за игра в недела освен својата и честа и на лигата. Од друга страна, значи дека се растеретени од секаков императив, освен од сега наметнатиот притисок дека треба да одиграат фер и да се борат до крај. Уверуваат дека токму тоа ќе се случи.

„Не верувам дека ќе направиме нешто поинаку од она што вообичаено го правиме. На секој натпревар му пристапуваме со напор и професионалност“, вели Џакомо Распадори, еден од бисерите на црнозелениот тим и воедно деклариран навивач на Интер.

„Таквиот менталитет ни овозможи да постигнеме толку добри резултати сезонава и не гледам причина зошто сега би се однесувале различно“, додаде во изјавата за италијанските медиуми.

Се обрати и клупскиот спортски директор Џовани Карневали кој исто така потврди дека Сасуоло нема да калкулира.

„Јасно е дека има големи очекувања од неделниот натпревар, а ние добивме неверојатно голем број на барања за билети. Ќе биде фудбалски фестувал и натпрревар одигран со најголема професионалност, ние сакаме да направиме најдобар можен резултат“, рече Карневали.

Навивачите на Интер се надеваат дека Сасуоло ќе го победи Милан па нивниот тим со победа на Сампдорија ќе го преземе врвот и ќе го одбрани Скудетото. Само со такво свенарио Интер може да биде шампион. Дури и Милан да не победи кај Сасуоло и да одигра нерешено, „Росонерите“ ќе бидат шампиони, а Интер ќе извојува пирова победа бидејќи при ист број на бодови Милан ќе биде шампион поради подобар скор во меѓусебните дуели.

Од друга страна, пак, навивачите на Милан се надеваат дека нивниот тим ќе триумфира на „Мапеи“ стадионот бидејќи Сасуоло навистина нема за што да игра освен за чест и забава. Сасуоло се наоѓа на 11. место и не може да падне подолу, но со победа може да рипне едно или две места на конечниот пласман, во зависност и од резултатите на Торино и Верона.

Капитенот на Сасуоло, напаѓачот Доменико Берарди, е деклариран навивач на Интер исто како и Распадори. Овие двајца играчи се додатен мотив за навивачите на Интер да веруваат во чудо, бидејќи двајца интеристи сепак ќе играат против Милан на тој одлучувачки натпревар.

Натпреварите Сасуоло - Милан и Интер - Сампдорија се закажани за в недела истовремено од 18 часот.

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе