Саудиска Арабија ќе гради чудо од стадион на врв на карпа

Саудиска Арабија планира да изгради високотехнолошки стадион на врвот на карпа висока 200 метри за Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во оваа блискоисточна земја.

Саудијците останаа единствен кандидат за домаќини на Мундијалот, а на крајот очекувано ФИФА ги прогласи за домаќини на најголемиот турнир во светот на фудбалот. Натпреварувањето ќе се одржи во 2034 година.

Дотогаш Саудијците планираат целосно да го преземат светскиот спорт и да станат главен играч во следната деценија. Се очекуваат огромни инвестиции во стадионите, а претставен е концептот на еден од нив, кој ќе биде вистинско светско чудо.

Станува збор за стадион со капацитет од 45.000 седишта кој ќе биде изграден на врвот на карпа висока 200 метри во близина на главниот град Ријад. Стадионот ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман Ал Сауд.

URL

Qiddiya Investment Company (QIC), која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека зданието ќе има покрив и терен што ќе се извлекуваат и повлекуваат по потреба и стотици метри LED ѕид за да се создаде извонредно искуство за навивачите.

Ѕидот со LED диоди е дизајниран да отвора поглед на градот долу и се наоѓа на 45 километри од главниот град Ријад. QIC е во целосна сопственост на државата Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од самиот Бин Салман, кој е и сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.

URL

Она што е интересно е дека стадионот ќе стане нов постојан дом за гигантите на локалниот фудбал, Ал Наср и Ал Хилал, кои во последната година донесоа бројни ѕвезди.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе