УЕФА ЕУРО 2020

Саутгејт: Јас ги бирав пеналџиите, јас сум крив

Англискиот селектор призна дека тој ја составил листата на изведувачи на пенали кај Англија и понесе одговорност за нивните утки.

Поведоа уште во втората минута, а на крајот загубија на пенали. Англија денеска тагува откако синоќа во своето прво европско финале не успеа да го зграпчи големиот пехар и тоа само поради лошо изведување на пенали.

„Многу сме разочарани. Прво, играчите ја заслужуваат секоја пофалба бидејќи дадоа сѐ што можеа на првенствово. Сега беше исто, се отепаа од трчање по теренот. На моменти игравме добро, на моменти топката не ја држевме доволно долго, особено на почетокот од второто полувреме. Но, не смеат да бидат обвинувани. Апсолутно ми претставуваше голема радост да работам со нив и тие стигнаа толку далеку после многу долго време. Но, се разбира, оваа вечер беше неверојатно болно во нашата соблекувална“, вели Гарет Саутгејт во интервју за BBC.

Саутгејт мораше да одговара и на неизбежните прашања за тоа што пред самиот крај во игра ги стави Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо само за да шутираат пенали, а двајцата промашија. Потоа Букајо Сака го промаши последниот одлучувачки пенал.

„Тоа паѓа на мој грб, јас ги одбрав изведувачите на пенали според она што го прикажуваа на тренинзите, никој не беше оставен сам на себе. Досега победувавме заедно како тим и сега сите заедно не успеавме да победиме, а што се однесува до пеналите тоа беше целосно моја одлука и затоа тука вината е само моја“, објаснува тој.

Саутгејт го теши Сака, изведувачот на последниот пенал

Англија беше одлична цело првеснтво. Не загуби ниту еднаш, а прими само два гола од кои еден од слободен удар, а само во финалето мрежата ѝ ја затресоа од игра кога по еден карамбол Леонардо Бонучи се најде на вистинското место.

„Остануваме заедно, момците ѝ дадоа на земјата некои незаборавни моменти, иако оваа ноќ е екстремно тешка за сите нас. Едноставно мора да се чувствува таа разочараност бидејќи шансите за трофеј како оваа се многу ретки во животот. Но, кога играчите ќе се погледнат себеси и ќе видат што направиле, треба да бидат навистина горди на себе“.

„Во моментов болката за поразот е огромна, сакавме на нашата нација да ѝ подариме уште една посебна ноќ и прва титула европски шампиони, но не успеавме во тоа“, заврши англискиот селектор.

Саутгејт ја препороди Англија. На Мундијалот во Русија го освои 4. место, а сега загуби во финале. Дефинитивно тој е човекој кој ќе ја предводи репрезентацијата и на Мундијалот во Катар наредната година.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе