Се чека новиот тренер на Барса да каже „ДА“ за Лаутаро

Претседателот на Барселона Хосеп Бартомеу денеска потврди дека Роналд Куман ќе биде новиот тренер на каталонскиот клуб.

Се чека конечниот збор од 57-годишниот Холанѓанец за да се продолжат напорите да се донесе Лаутаро Мартинес.

„Бевме во преговори со Интер, но сѐ застана кога се обнови фудбалската сезона. Ќе разговараме со новиот тренер и ако Лаутаро е во неговата визија, ќе се обидеме да го донесеме. Најважно е тренерот да каже: Да!“, рече Бартомеу.

Италијанските медиуми пишуват дека Куман го сака 22-годишниот аргентински напаѓач и дека ќе се обиде да го доведе со размена на играчи во која на Интер би му го понудил Луис Суарес или Серхио Бускетс. Станува збор за легенди на Барса кои Бартомеу синоќа не ги наведе меѓу седумте играчи кои нема да бидат ставени на продажба летово.

Претходно, Интер за својот најдобар играч бараше повеќе од 100 милиони евра, но во Барса сметаат дека поради пандемијата би можеле да го донесат Аргентинецот за помалку пари, а дополнително се обидуваат да ја намалат цената со вклучување и друг играч во договорот.

Мартинес е во Интер од 2018 година и сезонава постигна 21 гол и седум асистенции. Еден гол ѝ даде на Барселона на натпреварот во групната фаза и тоа на Камп Ноу. За Аргентина има одиграно 17 натпревари и има постигнато 9 гола.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе