ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Се огласи и Роналдо

Кристијано Роналдо се огласи за прв пат откако беше главна тема на фудбалската јавност по победата на Португалија над Швајцарија (6:1).

Сите зборуваа за Роналдо вчеравечер од две причини - прво, тренерот Фернанду Сантуш го остави на клупа; второ, го напушти теренот додека неговите соиграчи ја славеа победата.

А ѕвезда на вечерта беше 21-годишниот Гонсалу Рамуш, резервата на Роналдо во групната фаза, кој ја искористи шансата и го забележа првиот хет-трик на Мундијалите од 1990 година.

Во игра влезе и Роналдо во 74. минута, со овации од трибините бидејќи најголемиот дел од португалските навивачи го повикуваа во поголемиот дел од второто полувреме.

URL

По натпреварот Роналдо прв ги поздрави навивачите, но го напушти теренот додека неговите соиграчи славеа со навивачите.

Во моменти на голема радост, тој уште еднаш го привлече вниманието на себе со своето однесување. Што не му е првпат.

Сепак, по големата победа на Португалија, Роналдо остави порака на Instagram.

„Неверојатен ден за Португалија, историски резултат на најголемото светско натпреварување. Одличен настап на селекција полна со таленти и млади. На нашата репрезентација треба да ѝ се честита. Сонот е уште жив. До крајот. Само напред Португалија“, напиша Роналдо и ги увери сите околу себе дека е лојален на репрезентацијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе