Се продава болидот Ferrari F300 што го возеше Михаел Шумахер

Ф1
А.С.
/ 05.03.2022 / 12:53

Болидот F300 на Ферари што легендарниот германски возач на Формула 1 го возеше во трка со ривалот Мика Хакинен во 1998 година, е понуден на продажба.

Формула 1 имаше неколку неверојатни епохи, а меѓу првите 5 секако беше онаа со V10 мотори кога седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер возеше за Ферари. Реткост е Ф1 болид на Ферари со V10 мотор да излезе на продажба, особено оној што го возел Шумахер, но ентузијастите сега имаат фантастична можност да поседуваат дел од историјата и да го купат F300 од 1998 година за 4,9 милиони долари.

Станува збор за болидот со кој Шумахер го освои второто место на ГН на Луксембург во 1998 година. Навивачите ќе се сеќаваат дека тој беше во пол-позиција за таа трка, додека Мика Хакинен беше трет во болидот на Мекларен-Мерцедес. Сепак, победникот на неделната трка беше Финецот, со што обезбеди драматична борба за титулата на патеката Сузуки во Јапонија.

Шумахер го возеше истиот болид на Сузуки, повторно ја обезбеди пол-позицијата, но му пукна гумата поради остатоци на патеката, па Хакинен победи и стана светски шампион.

Нема детали за болидоѕ, но додека беше активен во трките, F300 беше придвижуван од 047D 3.0-литарски V10 мотор на Ferrari кој развиваше околу 800 КС. Тоа беше почеток на ерата на Ferrari V10, а Германецот тогаш беше апсолутно доминантен во првиот дел од 2000-тите. Тој освои пет светски титули со Ферари до 2004 година, потоа беше трет во 2005 година, а во 2006 година V10 беше повлечен и почна да се користи 2,4-литарскиот V8 мотор.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе