Сѐ што треба да знаете за денешниот избор на најдобрите на ФИФА

Вечерва фудбалскиот свет очите ќе ги впери кон Цирих каде светската фудбалска федерација ќе ги прогласи најдобрите за изминатата 2021 година.

Кога е прогласувањето?

ФИФА свечената церемонија ја закажа за денеска (понеделник, 17 јануари) со почеток во 19 часот по средноевропско време.

Настанот ќе се одржи во Домот на ФИФА во Цирих, Швајцарија, а водители ќе бидат британската спортска новинарка Решмин Чоудури и поранешниот англиски репрезентативец, а сега стручен коментатор - Џермејн Џенас.

Како да се гледа?

Нема потреба да губите време вртејќи по канали или гледајќи низ програмните водичи бидејќи самата ФИФА ќе врши директен пренос на своите канали и тоа на YouTube, Facebook и Twtter, а стрим ќе има и на нејзината официјална веб-страница. Така да сѐ што ви треба е компјутер, смартфон, таблет или смарт ТВ и стабилна интернет конекција.

Како се гласаше?

Гласањето се затвори ноќеска на полноќ, а секој фудбалски фан можеше да гласа во сите категории на веб-страницата на ФИФА.

Пристигнатите гласови од навивачите потоа се спојуваат со оние на репрезентативните капитени, селекторите и медиумите и вкупните бројки ги одредуваат победниците без учество на било какво стручно жири.

Номинирани за најдобар играч

Финалниот круг од тројца фудбалери беше објавен на 7 јануари 2022 откако претходно на 22 ноември 2021 беа објавени сите десет номинирани.

Денешниот победник се крие помеѓу следниве тројца номинирани:

Роберт Левандовски - Баерн / Полска
Мохамед Салах - Ливерпул / Египет
Лионел Меси - Барселона/ПСЖ / Аргентина

Претходно од трката отпаднаа Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Жоржињо, Н'Голо Канте, Кевин Де Брујне, Килајн Мбапе, Нејмар и Ерлинг Холанд.

Последни пет победници:

2020: Роберт Левандовски (Полска)
2019: Лионел Меси (Аргентина)
2018: Лука Модриќ (Хрватска)
2017: Кристијано Роналдо (Португалија)
2016: Кристијано Роналдо (Португалија)

Истиот принцип на номинирање, пласман во финале и гласање важеше за сите останати категории.

Номинирани за најдобар тренер

Роберто Манчини - Италија
Жузеп Гуардиола - Манчестер Сити / Шпанија
Томас Тухел - Челси / Германија

Номинирани за најдобар голман

Џанлуиџи Донарума - Милан/ПСЖ / Италија
Едуар Менди - Челси / Сенегал
Мануел Нојер - Баерн / Германија

Номинирани за најдобар гол

Ерик Ламела - Тотенхем (против Арсенал, Премиер лига)

URL

Патрик Шик - Чешка (против Шкотска, ЕУРО 2020)

URL

Мехди Тареми - Порто (против Челси, Лига на Шампиони)

URL
Најдобар тим

ФИФА ќе го прогласи и тимот на годината составен од најдобрите 11 играчи на секоја позиција. Но, за ова акатегорија гласањето е помеѓу професионалните фудбалери од целиот свет.

Најдобри во женски фудбал

Истите категории како во машка конкуренција постојат во женска со истите правила на гласање.

Тука главната битка се водеше помеѓу:

Џенифер Ермосо - Барселона / Шпанија
Сем Кер - Челси / Австралија
Алексиа Путељас - Барселона / Шпанија

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе