Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19.10.2023 година.
Од 25.10.2023 година, од 0:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин Еуросупер БС-95 – 81,50 (денар/литар)
моторен бензин Еувросупер БС-98 – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 84,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС – 47,174 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува 2,00 денара/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,675 денари/кг и сега ќе изнесува 47,174 денар/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,245%, кај дизелот 3,070%, кај екстра-лесното масло 3,007% и кај мазутот зголемувањето е 1,656%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,147%.