Со синоќешните 15 натпревари заврши регуларниот дел од НБА сезоната и познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот.

Така, најдобар тим по регуларниот дел од сезоната е Бостон Селтикс со сооднос 64:18 и во првото коло од плеј-офот го чека својот противник од плеј-инот во кој се среќаваат Филаделфија 76ерс - Мајами Хит и Чикаго Булс - Атланта Хокс. Победникот од првиот споменат дуел во плеј-инот ќе игра против Њујорк Никс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Чикаго Булс - Атланта Холк, а победникот од тој меч ќе игра против Бостон Селтикс.
Покрај плеј-ин паровите, на Истокот се познати и два плеј-оф парови. Милвоки Бакс ќе игра против Индијана Пејсерс во четвртфиналето на НБА, додека Кливленд Кавалирс ќе има предност на домашен терен против Орландо Меџик.
На Западот најдобар тим е Оклахома Сити Тандер која во плеј-офот ќе игра против противник од плеј-инот каде се среќаваат Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс. Победникот од дуелот меѓу Пеликанс и Лејкерс во плеј-офот ќе игра против актуелниот шампион на НБА, Денвер Нагетс, додека поразениот ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс. Победникот од таа средба во плеј-офот ќе игра против Оклахома.
Веќе е познато дека во првото коло од плеј-офот ќе играат Минесота Тимбервулвс - Феникс Санс и Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс.
Резултати:
Бостон Селтикс - Вашингтон Визардс 132:122
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 110:120
Индијана Пејсерс - Атланта Хокс 157:115
Мајами Хит - Торонто Репторс 118:103
Њујорк Никс - Чикаго Булс 120:119 (прод.)
Орландо Меџик - Милвоки Бакс 113:88
Филаделфија 76ерс - Бруклин Нетс 107:86
Голден Стејт Вориорс - Јута Џез 123:116
Лос Анџелес Клиперс - Хјустон Рокитс 105:116
Мемфис Гризлис - Денвер Нагетс 111:126
Минесота Тимбервулвс - Феникс Санс 106:125
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелес Лејкерс 108:124
Оклахома Сити Тандер - Далас Маверикс 135:86
Сакраменто Кингс - Портланд Треил Блејзерс 121:82
Сан Антонио Спарс - Детроит Пистонс 123:95
Табела:
Исток
Запад