УЕФА ЕУРО 2020

Сејдини: За карти за ЕУРО 2020 ФФМ ќе им даде предност на медицинските лица

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија вели дека донеле одлука приоритет при набавката на билети за ЕУРО 2020 да добијат вработените во медицинскиот сектор во државава кои ќе сакаат во живо да ја бодрат репрезентацијата на Македонија.

„Иако во моментот сѐ уште нема конечна одлука од УЕФА за бројот на влезниците за натпреварите од ЕУРО 2020 бидејќи здравствената ситуација може да наложи и да нема присуство на гледачи на стадионите (најнепосакувано сценарио за сите нас), сепак има надеж дека публика ќе има и секоја федерација ќе добие дел од влезниците за натпреварите на Европското првенство“, почнува Муамед Сејдини.

„Затоа, одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата биде под контрола, како резултат на натчовечките напори и заложби кои секојдневно ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против COVID-19 (доктори, сестри, технички персонал)“.

Оваа одлука беше официјално усвоена денеска на седница на Управниот одбор на федерацијата.

„Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста и повеќемесечниот труд што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности“

„Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и заштитната униформа со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство“, заврши претседателот на ФФМ.

ЕУРО 2020 ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година, а Македонија своите натпревари ги има на 6 јуни против Австрија во Букурешт, четири дена подоцна во истиот град против Романија, а потоа на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе