Секојдневни навики кои се погубни за нашиот имунитет

Кои се долгорочните последици од секојдневните навики кои со себе ги носи модерниот начин на живот?

На сите ни се случило при излегување да испиеме чаша повеќе, да прескокнеме тренинг бидејќи сме уморни по напорниот работен ден, да спиеме помалку поради работните обврски и слично. Какви се долгорочните последици од ваквото функционирање?

За да му помогнете на организмот да се врати во баланс и успешно да се бори против инфекции и хронични болести, треба да одржувате нормална телесна тежина, квалитетна исхрана, доволно течности, физички активности, опуштање, доволно сон и слично.

Доктор Рита Шарма од Мериленд советува кои навики треба да исфрлите од секојдневието за да не му штетите на имунитетот.

Помалку алкохол

Чаша вино во текот на денот не е толку опасен потег, но претераното уживање во алкохол може негативно да влијае на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека долготрајната претерана употреба на алкохол е особено опасна бидејќи го слабее имунитетот и ве доведува во ризична група за болести како воспаление на белите дробови. Ова подразбира и побавно закрепнување од инфекции.

Помалку седење, повеќе движење

Колку сте помалку активни, толку повеќе здравствени проблеми може да очекувате. Не само што овој начин на живот може да придонесе до зголемување на килограмите, туку и до почести воспаленија, развој на хронични болести и намален имунитет,

Редовната физичка активност носи бројни придобивки за психичкото и физичкото здравје и го подобрува имунитетот.

Недоволно сон

Сонот е исклучително важен како и одморот, особено кога станува збор за имунитетот. Сепак, многумина страдаат од несоница. Едно од три лица спијат помалку од 7 часа во текот на ноќта. Не само што недостигот на сон оневозможува организмот да се бори против инфекции, туку постојат и докази дека недоволното спиење може да влијае на појава на срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Не јадете доволно хранливи материи

Микронутриентите се есенцијални за правилно функционирање на телото, а ако не се дел од вашата исхрана, телото потешко се бори против инфекции.

Најдобриот начин за доволен внесување нутриенти е во денот да изедете 5 оброци кои содржат овошје и зеленчук.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе