Секс прашања кои луѓето најмногу ги пребаруваат на Google

Луѓето се љубопитни за сѐ, па дури и за сексот. Затоа е разбирливо што одвреме-навреме на Google пребаруваат одредени секс прашања од типот како се постигнува оргазам или што е Г-точка.

Според најновото истражување на еден светски бренд за презервативи, ова се најчестите прашања на Google за сексот:

Каде е Г-точката?

Постоењето на Г-точката сѐ уште е спорно. Некои тврдат дека стимулирањето на Г-точката доведува до совршени оргазми, додека други истражувачи велат дека воопшто не постои. За оние кои веруваат, Г-точката е сместена на предниот ѕид на вагината (кон стомакот), на длабочина од 5 см. При допир, ова место треба да се почувствува како здебелено. Некои веруваат дека Г-точката е продолжение на клиторисот кон вагината.

Како жената да доживее оргазам?

Наједноставно, прашајте ја. Секоја жена е поинаква и сака различни работи. Повеќето жени не доживуваат оргазам во текот на пенетрација, па ако сакате жената да доживее тогаш мислете малку на предиграта. Токму во текот на предиграта, жената најчесто може да доживее оргазам.

Орален секс, употреба на прсти, вибратори, колку подолга е предиграта толку е поголем фокусот на клиторисот.

Дали може да се ослободите од херепс?

Не постои лек за херпес што може да ви помогне засекогаш да го снема од организмот. Но, може да употребувате лекови со чија помош ќе ги контролирате симптомите и ќе ја намалите можноста херпесот да го пренесете на партнерот.

Како да се ослободите од гениталните брадавици?

Не смеете сами да ги третирате во домашни услови. Веднаш јавете се на лекар специјалист за да ви постави точна дијагноза и терапија. Лековите мора да бидат наменети за интимни делови.

Како на природен начин да го зголемите пенисот?

Не постои начин вашиот пенис да стане поголем без оперативен зафат кој ќе предизвика значителна штета. Избегнувајте ги сите домашни лекови и вежби и сфатете дека големината на пенисот навистина нема голем ефект на предизвикување сексуално задоволство кај вашата партнерка.

Како да го измерите пенисот?

Постојат два начини на мерење, кога е во ерекција или кога не е. Просечната должина на пенисот кога не е во ерекција е 8 до 9 см. За време на ерекција, просечната должина изнесува околу 12 до 13 см.

Но, запаметете дека вашата партнерка може да доживее оргазам без оглед на величината на пенисот.

Колку долго трае сексот?

Во зависност од тоа што подразбирате под секс. Предиграта исто така треба да се смета како дел од сексот, па тој може да трае колку што сакате.

Но, просечното траење на пенетрација е околу 8 минути. Затоа е одлично ако повеќе време посветувате на предиграта.

Тагови
реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе