Селаковиќ за бугарските ставови: Србија го почитува македонскиот народ и сите граѓани на РСМ

Северна Македонија и Србија ќе ја интензивираат билатералната и регионалната соработка, за што ќе се детализира акциски план во кој ќе бидат прецизирани политички и економски прашањата за таа намена, договoренo e на денешната средба во Белград на министрите за надворешни работи на двете држави, Никола Селаковиќ и Бујар Османи, јави дописникот на МИА од Белград.

Акцент ќе биде ставен на што поскоро одржување заедничка седница на двете влади, почнување на работата на Меѓувладината мешовита комисија за малцинствата и отворање на културни центри на двете држави во Белград и Скопје.

На прес-конферецијата на двајцата министри по средбата, на прашање на дописникот на МИА од Белград за министерот Никола Селаковиќ, за официјалниот став на Белград во поглед на изјавите кои доаѓаат од Софија за Северна Македонија и за Србија, пред сѐ за изјавите за отворање на српски културен центар во Скопје, отворање училишта на срспки јазик, за нотата од Софија на Белград за историски толкувања, за српското влијание во РСМ и за закочување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, српскиот шеф на дипломатијата изјави дека од Белград засега нема да се чујат реакции.

– Ние сме регион кој е оптеретен со настани кои се поврзани со различни историски настани. Доколку трагаме по минатото, за она што нѐ разделува и за она што нѐ дели, мислам дека нема многу време да помине такво нешто да најдеме. Уверен сум, доколку го бараме она што е добро и што нѐ спојува, лесно ќе ги најдеме спојните точки. Знам за изјавите, ги чув и реагирав онака како што мислев дека е најдобро. Значи не ги коментирав, изјави Селаковиќ.

Тој кажа дека српското присуство од кој било аспект на територијата на Северна Македонија не е оптоварено со никаква предумисла, ниту со никаков друг мотив, освен да бидеме најдобри можни соседи, да градиме економски врски, инфраструктурни врски, градба на брза пруга кон РСМ, да работиме и на гасното поврзување и на друго.

– Кога бев неодамна во посета на Софија, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Македонија е причина за кавгата меѓу Бугарија и Србија, јас кажав – Не, ние немаме кавга, и таа може (РСМ) само да нѐ зближи и сите три држави од тоа зближување да имаме корист, на прво место економска. Ако се занимаваме со прашања од минатото, мислам дека сите полека ќе го проследиме времето како луѓето од регионот ќе заминуваат во друг регион, каде нема да водат вакви приказни, кажа Селаковиќ.

Според него, Србија цврсто е определена на градба на соработка со сите соседи, без скриени мисли.

– Ние Република Северна Македонија ја почитуваме, го почитуваме македонскиот народ и сите граѓани на РСМ, сѐ она што го чини вашиот национален идентитет и благодарни сме на почитувањето што доаѓа од Северна Македонија, кажа Селаковиќ, кој заклучи дека никој не може да влијае на нешто што било пред 5 или пред 150 години и наша задача да е она што го работиме денес и она што ќе се случува во иднина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе