ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Серхио Рамос потпиша за ПСЖ

Гигантот од Париз комплетираше уште еден голем трансфер и полека гради фаворитски тим за новата сезона во Лигата на шампионите.

По Ашраф Хакими, Серхио Рамос е најновото засилување за Пари Сен-Жермен, потврди клубот денеска.

„Ние во ПСЖ сме презадоволни што можеме да го објавиме пристигнувањето на Серхио Рамос во тимот. Шпанскиот централен дерфанзивец потпиша двегодишен договор и се обврза да остане во францускиот главен град до 30 јуни 2023“, се пофалија „Светците“.

URL

За доаѓањето на Серхио Рамос во Париз се знаеше веќе некое време и се чекаше само официјализација.

„Многу сум среќен што доаѓам во Пари Сен-Жермен. Ова е голема промена во мојот живот, нов предизвик и ден кој никогаш нема да го заборавам. Многу сум горд што сум дел од овој амбициозен проект, што ќе бидам дел од овој тим во кој се многу големи играчи. Пари Сен-Жермен е тим кој се има докажано на највисо ниво. Сакам да продолжам да напредувам во Париз и да му помогнам на тимот да освои што е можно овеќе трофеи“, е првата изјава на Рамос како играч на ПСЖ.

Тој кариерата ја почна во сезоната 2003/04 во дресот на вториот тим на Севиља, од каде и изникна од академијата. Потоа една сезона играше за превиот тим кога Реал Мадрид го фати на радарот и го прибра кај себе. Во шпанската престолнина остана цели 16 години, стана капитен, одигра 671 натпревар на кои постигна 101 гол, а освои и куп трофеи.

Рамос е капитен и на репрезентацијата на Шпанија, но поради повреда не беше дел од ЕУРО 2020. Има одиграно дури 180 натпревари зачинети со 23 гола.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе