„Sex and the City“ се враќа без Ким Катрал

Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон ќе се вратат во улогите на Шарлот, Кери и Миранда во обновената верзија на „Sex and the City“ на HBO Max.

Серијата „Sex and the City“ доби ново руво во 2021 и најавено е дека ќе се стримува на американската платформа HBO Max. Долго време кружеа гласини дека се размислува за „оживување“ на популарната серија од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а сега имаме и официјална потврда и тоа од оригиналните ѕвезди кои ја споделија веста со фановите преку социјалните мрежи.

Обновената серија ќе се вика „And Just Like That…“ (сигурно ја препознавате познатата реплика на Кери Бредшо), а извршни продуценти ќе бидат Паркер, Дејвис, Никсон и Мајкл Патрик Кинг.

Ким Катрал, која беше дел од оригиалната актерска екипа и ја играше Саманта Џонс, нема да биде дел од новата серија.

Фановите веќе се возбудени од најавата и ги преплавија социјалните мрежи:

URL
URL
URL

Приказната во „Sex and the City“, што почна да се емитува во 1998 година, се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Никсон), Шарлот Јорк (Дејвис) и Саманта Џонс (Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

Серијата се снимаше според истоимената книга на Кендис Бушнел и иако добиваше пофалби за рушење на секс табуата, сепак наиде и на критики поради недоволниот диверзитет и ноншалантното третирање на некои многу важни теми, како расната дискриминација и еднодимензионалното и стереотипно претставување на одредени групи граѓани.

Трејлерот за новата серија се состои од сцени од прометниот Њујорк и најава за името на серијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Дејството наводно ќе се врти околу трите пријателки кои сега се во петтата деценија од животот. Серијата ќе се состои од десет 30-минутни епизоди, а со снимање ќе почнат пролетва во Њујорк.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе