БУНДЕСЛИГА 2020/21

Шалке прв пат по 30 години испадна, играчите мавани со јајца

Фудбалерите и стручниот штаб на Шалке 04 синоќа беа нападнати со јајца од страна на гневните навивачи откако тимот и математички испадна од Бундеслигата.

Клубот од Гелзенкирхен, седумкратен шампион на Германија, петкратен освојувач на ДФБ купот и победник на УЕФА купот од 1997 година, синоќа испадна од најдобрата германска лига по пауза од 30 години.

Шалке гостуваше во Билефелд кај Арминија и загуби со минимални 1:0, но доволни за најлошото. „Рударите“ имаат очајна сезона и испаѓањето секако ќе се случеше бидејќи се заковани на дното од Бундеслигата со само 13 бодови од 30 кола, од кои само 2 победи и 7 нерешени пропратени со 21 пораз.

Откако клупскиот автубус доцна синоќа се врати во Гелзенкирхен, околу 600 навивачи го пречекаа и дел од нив со јајца и други предмети фрлаа по играчите, а полицијата спречи ескалација на ситуацијата.

Во сезоната 1990/91 Шалке како првопласиран во популарната Цвајте лига се врати во елитата на германскиот фудбал. Најголемите бундеслигашки успеси ги доживеа во сезоните 2000/02, 2004/05, 2006/07, 2009/10 и 2017/18 кога завршуваше на 2. место.

Само пет сезони во својата историја Шалке има играно во втората Бундеслига: првпат во 1981/82, а последен 1990/91. Наредната сезона ќе биде шеста. Сите останати сезони, вклучувајќи ја и тековнава, 79 на број, ги има минато во првата германска лига која од 1963 се вика Бундеслига и се игра во овој формат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе