Шампионски совет од Коби Брајант: Како размислуваат победниците?
„Ако сакаш да бидеш на прво место, дојди играј со мене. Ако сакаш второ место, оди кај некој друг“, вака почнува победничкото размислување на еден од најуспешните кошаркари на сите времиња, Коби Брајант.
Ѕвездата на ЛА Лејкерс загина во хеликоптерска несреќа во неделата, заедно со уште осум лица, меѓу кои и ќерката Џијана.
Во текот на својата кариера, Брајант постигна многу успеси, благодарение на неговиот непокорен шампионски дух. Да се потсетиме кој е советот за успех на легендата Коби Брајант, неповторливата „Црна Мамба“.