СЕРИЈА А 2021/22

Шкринијар: Интер загуби два бода против Милан

Дефанзивецот на „Нераѕурите“ смета дека од нерешениот резултат најмногу загубил Интер кој, со оглед на шансите, требало да победи.

Словакот Милан Шкринијар е разочаран што Дербито дела Мадонина синоќа заврши со нерешен резултат бидејќи неговиот Интер имаше неколку одлични прлики за гол. Лаутаро Мартинес промаши пенал, а чисти зицери промашија Николо Барела и Артуро Видал.

„Беше тешок натпревар каков и што очекувавме, но со оглед на шансите кои ги имавме фер е да се каже дека крајниот исход се загубени 2 бода. Создадовме многу шанси за гол и според мене требаше да победиме“, рече Шкринијар во изјава дадена за DAZN.

Резултатот од 1:1 го отвори Хакан Чалханолу во 11. минута од пенал, а Стефан де Врај шест минути подоцна си постигна ефектен автогол со глава за израмнување.

Remote video URL

Сезонава Интер не успеа да победи на ниту еден дерби дуел. Со Аталанта (2:2), Јувентус (1:1) и Милан (1:1) одигра нерешено, а загуби од Лацио (1:3).

„Треба многи повеќе да вадиме од овие меѓусебни дуели бидејќи уште еднаш го доминиравме Милан, а извадивме само бод. Играме добро, подобро сме организирани и балансирани, но треба да бидеме порешителни при шансите за гол“

Интер е трет на табелата со 25 бодови, 7 зад водечките Наполи и Милан кои имаат по 32.

Следува репрезентативна пауза, а потоа Интер го чека ново дерби и тоа со лидерот Наполи кој сезонава се наметна како главен конкурент за Скудетото.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе