Шокантно тврдење на The Times: Браќата Кличко се на црната листа на Путин

Според пишувањето на британскиот The Times, Владимир Путин составил црна листа од 23 имиња меѓу кои се и браќата Кличко.

Виталиј е градоначалник на Киев од 2014 година, додека Владимир кој се пријави во војска, овие денови застана покрај неговиот брат и украинскиот народ.

Двајцата поранешни светски шампиони во бокс во тешка категорија со денови носат оружје и ја користат нивната популарност за да побараат помош од светот, јавно и приватно.

Русија наводно испратила 400 платеници во Киев за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски и членовите на неговата влада со цел да ги ослабат непријателите на Путин и да извршат итна транзиција во случај да го заземат главниот град на Украина.

„Путин направи црна листа на која се 23 висок украински функционери, меѓу нив се и двајцата поранешни светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир Кличко. Тие се меѓу најомилените Украинци и станаа заштитни лица на отпорот на руската агресија и окупација на таа земја. Виталиј веќе 8 години е градоначалник на Киев, а Владимир доброволно се приклучи на украинската војска за да ја брани татковината и доби огромен публицитет во светот“, пишува во извештајот на The Times.

Украинската влада е известена за оваа мисија во саботата наутро, па неколку часа подоцна Киев прогласи полициски час, додека цивилите се јасно предупредени дека ќе ги сметаат за агенти на Кремљ ако во меѓувреме излезат.

URL
реклама

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе