Што го предизвика најголемиот марсотрес досега?

Веројатната причина за најголемиот сеизмички настан што некогаш бил забележан на Марс е откриена по студија предводена од британски научници.

Потрес со јачина од 4,7 степени беше регистриран од лендерот InSight на НАСА на 4 мај минатата година. Споменатиот настан предизвика вибрации кои одекнуваа низ планетата шест часа.

Најпрво се мислеше дека е предизвикан од удар на метеорит, за кој се знаеше дека резултираше со слични потреси во минатото. Меѓутоа, по пребарувањето на огромната површина на планетата, која зафаќа 144 милиони квадратни километри, меѓународниот истражувачки тим не најде ни трага од свеж кратер.

Резултатите, објавени во списанието Geophysical Research Letters, покажуваат дека Марс е сеизмички многу поактивен отколку што веруваа научниците. Водачот на студијата, д-р Бенџамин Фернандо од Универзитетот во Оксфорд, смета дека резултатите би можеле дури да покажат каде е безбедно да се живее доколку амбициите на Илон Маск да го колонизира Марс станат реалност.

Напорна потрага по кратерот

„Сè уште мислиме дека Марс денес нема активна тектоника на плочи, така што овој настан веројатно е предизвикан од ослободување на притисокот во кората на Марс. Тоа е резултат на милијарди години еволуција; вклучувајќи ладење и собирање на различни делови од планета со различни стапки“, рече тој.

„Сè уште не разбираме целосно зошто некои делови од планетата се под поголем притисок од другите, но резултатите како овие ни помагаат да истражуваме понатаму. Еден ден, оваа информација може да ни помогне да разбереме каде би било безбедно за луѓето да живеат на Марс , и кои места треба да ги избегнуваме“, додаде тој.

Потрагата по кратерот по земјотресот беше напорна. Тоа е затоа што иако Марс е помал од Земјата, недостатокот на океани значи дека површината на земјата е слична, пишува Sky News.

Пример за успешна соработка меѓу државите

Масовната потрага бараше соработка меѓу вселенските агенции и научниците ширум светот, вклучително и Европската вселенска агенција, Кинеската Национална вселенска агенција, Индиската организација за вселенско истражување и Вселенската агенција на Обединетите Арапски Емирати.

Споменатите агенции понудија да ги користат нивните сателити и се верува дека е првпат сите мисии во орбитата околу Марс да соработуваат на еден проект. Работата во Оксфорд ја водеше д-р Фернандо, кој истакна дека овој случај треба да „послужи како образец за продуктивна меѓународна соработка во длабоката вселена“.

Патем, потресот беше еден од последните настани снимени од лендерот InSight пред да се исклучи минатиот декември, повеќе од четири години по слетувањето на Марс.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе