Што кријат чудните сигнали од Венера?

Нова студија покажа дека има сè повеќе докази дека Венера е можеби вулкански активна планета. Ако е навистина така, ова истражување ќе помогне да се објасни како вулканите влијаат на планетарната еволуција и животот во вселената.

Венера често се смета за пеколен близнак на Земјата поради густата атмосфера, високиот притисок и вжештената површина. Венера е обвиена од густ слој облаци кои спречуваат повеќето орбитални станици да продрат низ нив до пеколните услови кои владеат на површината – што предизвика да добие многу помалку внимание од Месечината или од Марс.

Група истражувачи се фокусира на вулканската активност на Венера. Нивното истражување е насочено кон чудните сигнали кои потекнуваат од вулканот Идун Монс.

На научниците одамна им е познато дека површината на Венера е прекриена со надреални кратери, но од Земјата е невозможно да се каже дали и денес од нив тече лава, бидејќи густата и непроѕирна атмосфера на Венера крие сè што се случува на површината.

Благодарение на архивски снимки од постари орбитални станици и експерименти изведени на Земјата, научниците веруваат дека овој вулкан и понатаму е активен и дека еруптира. За потврда на оваа претпоставка научниците нема да чекаат уште долго, во  наредната деценија ќе има мисија кон Венера со задача да открие знаци на вулканска активност.

Објаснувањето за трансформацијата на Венера, која некогаш имала океани, а денес тоа е пустош со густа и кисела атмосфера и врела површина, можеби се крие во климатските промени. Проучувањето на вулканот одблизу би помогнало да разбереме зошто Земјата не доживеала слична еруптивна апокалипса.

Засега нема директни докази за вулканска активност на Венера, но постојат индиректни докази како што е висока концентрација на сулфур диоксид, карактеристичен вулкански гас.

Венера по големина е речиси иста со Земјата и има 90% иста гравитација, што значи дека животот на Венера од таа гледна точна би бил одличен.

Тераформирањето на Венера би било задача на некоја идна генерација која прво ќе мора да ги намали гасовите во нејзината атмосфера кои премногу ја загреваат површината.

Американската вселенска агенција НАСА најави дека планира две мисии на Венера со цел да ја истражи атмосферата на планетата. 

Новите мисии се одбрани според нивниот научен потенцијал и вредност. Ќе се испитува како планетата се формирала и еволуирала и дали на неа некогаш постоел океан.

Во едната мисија ќе бидат направени и фотографии со висока резолуција со цел да се откријат геолошките карактеристики на планетата, додека втората мисија е за мапирање на површината на планетата за да се проучи геолошката историја и да се истражи зошто се развила толку поинаку од Земјата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе