Bugatti со новиот тизер ни ја скокотка фантазијата.
Oд компанијата објавија тизер фотографија со која ја најавија дигиталната премиера на нивниот нов автомобил, но во краткото соопштение не соопштија повеќе детали.
Јасно е дека сакаат да останат мистериозни и да нè држат во неизвесност, а тоа им успева бидејќи читаме различни информации на оваа тема.
Некои медиуми пишуваат дека станува збор за уникатен тркачки автомобил кој го движи 8,0-литарски quad-turbo V16 мотор од Chiron Super Sport 300+ со 1600 КС.
Наскоро ќе дознаеме за што точно станува збор.