Што претставува Холи, индискиот пролетен празник на боите?

Во Индија започна Холи, познатиот фестивал на боите.

Холи - фестивал на позитивно обоени емоции, се слави секоја година во март, после полна месечина, според хинду календарот.

На првиот ден по полната месечина во март, доаѓа пролетта - за жителите на Индија тоа значи дека е време за Холи.

Денот после полната месечина се слави во речиси секое ќоше на Индија како еден од најголемите хинду празници на кои му се припишуваат различни значења, но сите тие се сведуваат на играње, танцување и ширење позитивна енергија.

Холи е фестивал на бои - главна карактеристика на празникот е прскањето со вода и светли бои.

Remote video URL

Празникот се празнувал уште пред Христа, а порано се нарекувал Холика. Името го добил по богот Кришна, реинкарнација на богот Вишну. Според легендата, Кришна на шега полил една селанка со вода и бои и од таму потекнува обичајот на кој сите подеднакво му се радуваат.

Што претставува Холи?

Победа на доброто над злото - значи палење и уништување на демонот по име Холика. Се верува дека Холика е сестра на злобниот крал Хиранјакашипу. Затоа, во пресрет на самиот празник, на улиците се пали голем оган, со портрет на Холика во средината, за кој мажите со денови подготвуваат дрва. Тоа се нарекува и „малиот Холи“.

Празник на мажените жени - кој слави и повикува на среќен брак и семејна благосостојба.

Ден на благодарноста за успешната сезона на жетва / Пролетен фестивал

Фестивал на љубовта - затоа што го велича семејството и затоа што порано се договарале бракови на овој празник. Семејствата го поминуваат овој ден заедно, со храна, пијалаци, бои, музика и танцување.

Најголемите настани за време на овие празнувања се одржуваат во градовите Матура и Вриндава во индиската сојузна држава Утар Прадеш, бидејќи се верува дека Кришна бил роден и израснат во овој регион.

 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе