Што се случува ако ги изгуглате ликовите од „Friends“?

И покрај тоа што првата епизода на „Friends“ беше емитувана пред 27 години, популарната серија е актуелна и денес.

Но, дали знаете што се случува кога ќе пробате да ги изгуглате имињата на ликовите од серијата?

Имено, за секој од шесте пријатели, покрај основните информации, при прелистувањето на Google се појавува и анимиран цртеж на нешто по кое се препознатливи или што опишува некои од нивните карактерни црти.

Кога ќе го напишете името Рос Гелер, ликот на Дејвид Швимер, десно се појавува кауч. Кога ќе кликнете на него, екранот на компјутерот се извртува и се слуша Рос како се дере „Врти!“ (анг. Pivot).

Тоа е асоцијација за епизодата кога Рејчел, Чендлер и Рос се обидуваат да го качат новиот кауч на Рос нагоре по скали.

Remote video URL

Карактерот на Моника Гелер (Кортни Кокс) е поврзан со нејзината опсесија со чистење. Кога ќе го напишете нејзиното име, се појавува кофа со вода, и кога ќе кликнете на неа, сунѓерчето ќе ѝ го зачисти името.

Кога ќе изгуглате Чендлер Бинг (Метју Пери), се појавува познатата фотелја, а ако кликнете на неа се појавуваат Патката и Пилето, миленичиња што ги чуваа Џои и Чендлер.

Фиби Буфе (Лиса Кудроу) свиреше и пееше во серијата, па покрај нејзиното име се појавува и гитара. Кога ќе кликнете на гитарата, ја слушнете нејзината најпопуларна песна што често ја изведуваше, „Smelly Cat“, а на екранот ќе ви прошета „смрдливо маче“.

Ако го изгуглате ликот на Мет Лебланк – Џои Трибијани - во аголот се појавува пица, а кога ќе кликнете на неа ќе ја слушнете славната реплика: „Џои не дели храна со други“.

И, конечно, кога ќе го напишете името Рејчел Грин (Џенифер Анистон), се појавува нејзината препознатлива фризура од првата сезона. Кликнување на таа фризура ве носи на фотографии од Анистон од времето кога ја носеше токму таа фризура.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе