Што велат заболекарите: Може ли кариесот да биде заразен?

Лошата орална хигиена може да доведе до насобирање наслаги, болест на непцата и може да биде погодна почва за развој на бактерии. Доколку се бакнувате со партнерот, што е нормално, преку плунката сите тие бактерии може да завршат во вашата уста.

„Бакнување со партнер кој не ги мие забите не само што е грозно, туку може да влијае и на вашето здравје“, вели д-р Тина Соу, доктор по стоматологија.

Доколку 10 секунди се бакнувате со некој значи дека во вашата уста можете да пренесете и до 80 милиони бактерии и микрорганизми, појаснува таа. Додека е нормално да имате добри бактерии во устата, бакнувањето некој кој има многу лоши бактерии може да влијае на вашето здравје.

„Тие лоши бактерии при бакнувањето може да се најдат во вашата уста и така да доведат до бројни проблеми во усната празнина“, додава таа. Лош здив, болест на непцата и кариес лесно ќе се создадат доколку не внимавате на хигиената.

Не постои начин да избегнете размена на плунка додека се бакнувате со некого, но постојат начини како бактериите да ги држите под контрола.

„За почеток, важна е правилната орална хигиена, што вклучува миење на забите барем два пати дневно, но и чистење со забен конец, како и редовна посета на заболекар“, продолжи д-р Соу. Понатаму, сѐ додека редовно одржувате хигиена на своите заби, проблеми не би требало да има. Но, хигиена треба да одржува и партнерот.

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Здравје

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Read more

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Read more

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Магазин

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Читај повеќе

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Читај повеќе

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Читај повеќе

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Читај повеќе

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Читај повеќе

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Читај повеќе

Момчињата треба да ги учиме што е согласност многу порано отколку што мислите

Читај повеќе

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Читај повеќе

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Читај повеќе