Шведска: Интеграцијата на мигрантите не успеа, имаме паралелни општества

Шведска не успеа да го интегрира големиот број имигранти што ги прими во последните две децении, што резултираше со создавање на паралелни општества и насилство од банди, рече премиерката Магдалена Андерсон, која покрена низа иницијативи за борба против организираниот криминал.

Бројни Швеѓани беа изненадени и шокирани од немирите на почетокот на овој месец, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.

Насилството избувна по палењето на Куранот на митинг организиран од шведско-дански политичар и најавата дека ќе одржува митинзи во имигрантските населби.

Во Малме, во средината на април, избувнаа протести против екстремно десничарските движења предводени од Расмус Палудан, беа запалени канти за ѓубре, автомобили и продавници, а полицијата беше гаѓана со камења и пиротехнички средства.

Андерсон го вперува прстот на вина за нередите и нападите на полицијата врз криминалците, оценувајќи дека и на исламистите, и на екстремната десница им е дозволено да дејствуваат во Шведска.

„Дозволено е сегрегацијата да оди толку далеку што сега имаме паралелни општества во Шведска. Живееме во иста земја, но во сосема поинаква реалност“, рече Андерсон.

Бројот на луѓе родени во странство во Шведска се удвоил на два милиони во последните две децении, што сочинува една петтина од населението.

Социјалдемократите на премиерката беа на власт 28 од последните 40 години, вклучувајќи ги и последните осум.

Андерсон воведува низа мерки за да ги обесхрабри младите имигранти да се приклучат на банди и се обидува да ги оттргне од улиците и да ги задржи на училиште што е можно подолго.

Таа истакна дека Шведска има огромен прилив на имигранти, но дека мерките за интегрирање на странците се недоволни.

„Општеството беше многу слабо, како и ресурсите за полицијата и социјалните служби“, рече премиерот.

По големиот прилив на имигранти од Блискиот Исток во 2015 година, Шведска значително ја заостри својата имиграциска политика.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе