УЕФА ЕУРО 2020

Шведски полицаец ќе ни суди на дебито на ЕУРО

УЕФА ги откри имињата на судиите кои ќе судат на натпреварот помеѓу Австрија и Македонија в недела.

Андреас Екберг

Судиска тројка од Шведска е делегирана од страна на УЕФА да го води натпреварот на кој македонската репрезентација ќе дебитира на Европските првенства.

Се работи за 36-годишниот главен судија Ларс Кристиан Андреас Екберг со помошниците Мехмет Мохамед Џулум и Стефан Халберг.

Екберг, чиј правилен шведски изговор е Екбериј, е полицаец по професија, а како фудбалски судија се бави уште од кога имал 13 години. Професионален судија е од 2004 година. Во најдобрата шведска лига суди од 2009, а со знакот на ФИФА се стекнал во 2013.

Првиот помошник Џулум е 38-годишен роден во Турција, по мајка Либанец. Во Шведска имигрирал со фамилијата кога имал 5 години. На 16 години почнал да суди и тоа како професија со цел да заработи пари бидејќи има 8 браќа и сестри.

Мехмет Џулум

Халберг (правилен шведски изговор Халбериј) има 39 години и неговара вистинска професија е менаџер во фирма. Почнал да суди на 15 години, а со знакот на ФИФА од 2013 година.

Стефан Халберг

Четврти судија ќе биде Сергеј Геннадјевич Карасјов кој со знакот на ФИФА е од 2010 година. По професија е адвокат и тој всушност е еден од главните судии на првенството, кои на некои натпревари ќе ја вршат улогата на четврти судии.

Сергеј Карасјов

Во ВАР собата во Швајцарија ќе бидат сместени Германецот Бастиан Данкерт со помошниците Англичанецот Крис Кавано и Французите Бенжаман Паж и Жером Бризар.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе