Силва му го предаде ФИФА пехарот на Пендаровски
Како дел од турнејата пред Мундијалот во Катар златниот пехар на ФИФА денеска беше во Скопје во просториите на Пивара Скопје во организација на Coca-Cola.
Освен луѓето од ФИФА, вредниот пехар смеат да го допрат само освојувачи и претседатели на држави. Така, Жилберту Силва, кој во 2002 го освои со Бразил, на момент му го предаде на нашиот претседател Стево Пендаровски, кој имаше чест да го подржи најпосакуваниот пехар.