Скопје ќе остане без јавен превоз, ЈСП не ги доби субвенциите со кои треба да подели плати

Советот на Град Скопје одлучи дека јавното сообраќајно претпријатие нема да ги добие субвенциите со кои треба да подели плати . Од нив, 22 гласаа „за“, а пак 13 гласаа „воздржано“. Ниту еден советник не гласаше „против“.

„За одлуката гласале 22 члена, 13 се против. Констатирам дека одлуката за давање субвенции не е досесена“, кажа Славески.

Од Град Скопје велат дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните.
 
„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да ги остават вработените во ЈСП Скопје без плата а граѓаните на градот Скопје без превоз. ВМРО-ДПМНЕ се деструктивна партија која нема слух за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје се изживува со луѓето без грам совест и без грам одговорност“, рекоа од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, им даде искрена и недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа претходно ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и го чекаа исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која се расправаше и требаше да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе