Скопје меѓу два огна – загаден воздух и COVID-19: Кој ќе го огласи алармот?

Скопје повторно се најде на една од листите на најзагадени градови во светот.

Панирама на Скопје, вчера на полноќ. (Фото: Фејми Даут)

Скопје, Белград, Приштина, Сараево, Софија и Загреб се најдоа на списокот на најзагадени градови објавен од веб-страницата AirVisual минатата недела. Денеска Скопје е меѓу 20-те најзагадени градови спред Индексот за квалитет на воздухот (AQI).

Извор: https://www.iqair.com/world-air-quality-ranking

Вредноста на Индексот за квалитет на воздухот (AQI) во некои делови од денот беше помеѓу 100 и 150, што значи дека загадувањето на воздухот е такво што целото население, а особено ранливите категории на население, како што се стари лица, болни, деца, бремени жени, може да почувствуваат иритација на дишењето или респираторни проблеми. Во овие ситуации, советот до граѓаните, а особено ранливите категории, е да избегнуваат да поминуваат време на отворено.

Прогноза за квалитетот на воздухот во Скопје, според AQI

Квалитетот на воздухот на страницата AirVisual се проценува врз основа на вредноста на индексот на квалитет на воздухот (AQI). Вредностите на овој индекс се пресметуваат врз основа на податоците од националните мерни станици, користејќи мерења на емисиите на главни загадувачи на воздухот, а тоа се суспендирани честички PM2,5 и PM10, јаглерод моноксид, сулфур диоксид, азот диоксид и озон.

Вредностите на индексот AQI се движат од нула до 500, така што постојат следниве категории: 0-50 „добро“, 51-100 „умерено добро“, 101-150 „нездраво за ранливото население“, 151-200 „нездраво за целото население “, 201-300 „многу нездраво“ и 301-500 „опасно“. Вредноста на индексот, а со тоа и рангирањето на списокот, обично се менува на еден час.

Долготрајната изложеност на загаден воздух може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од COVID-19 во просек за околу 15 проценти, покажува меѓународно истражување објавено денеска. Студијата објавена во списанието Cardiovascular Research се обидува да процени до кој степен загадувањето на воздухот, што веќе предизвикува предвремени смртни случаи, може да влијае на морталитетот од коронавирусот.

А Скопје „води“ и по бројот на активни случаи на COVID-19, што значи дека ситуацијата се стреми кон алармантна. Во Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020 – тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од (5,9%), во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000. 

Во Скопје досега се регистрирани 11.592 случаи, од кои активни се 3.490. Во главниот град COVID-19 е убедливо најраспространет во Општина Аеродром која со дури 675 активни случаи е „лидер“ на табелата за скопските општини.

Засега нема реакции од надлежните за состојбата со квалитетот на воздухот, ниту најави за посебни мерки на територијата на Скопје.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Македонија

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Read more

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Read more

Апасиев: Ги чека пекол во Собранието

Read more

Ахмети: ДУИ е втора сила во државата

Read more
 

Вести

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе