Со новото утро се појави и новиот изглед на Жито Лукс

Во облик на златна круна што се создава од житен клас се претстави новото лого на Жито Лукс. Концептот на кој е развиен новиот визуелен идентитет на компанијата, новото лого и новите дизајни на сите пакувања, е инспириран од фактот што со секој нов ден започнува и мисијата на доставувачите на свежиот леб кои го будат секој град, село, улица...

Боите во логото и во идната комуникација на брендот се поистоветуваат со волшебната златножолта боја на сонцето како симбол на раѓање на денот и на бојата на лебот како основен прехранбен производ. Динамиката претставена во логотипот ја отсликува желбата на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.

Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите како предуслов за задоволни и лојални потрошувачи на кои Жито Лукс ќе им биде прв и единствен избор.

„Ова е голем чекор за нас во правец на модернизација на изгледот на брендот, доближување до новите генерации купувачи и развој на категориите во кои сме докажани лидери. Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката, но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја да создадат бренд што е симбол за квалитет и доверба. Комуникациската кампањата и главната порака #ДeнесЕДенот треба да биде инспирација за секој човек да се издигне над предизвиците и да направи позитивна промена во животот што ќе му донесе поголема среќа и задоволство“, изјави маркетинг и шопер маркетинг директорот на Жито Лукс, Антоанела Петровиќ.

Remote video URL

Новиот изглед, логото и пакувањето на производите, Жито Лукс ги претстави пред новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе