Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзална, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое проголта дел од улицата „9 Мај“. Откако два месеца фирмата која гради не постапила по насоките, тоа сега ќе го направи механизација на Општина Центар. Цело градилиште ќе се затрупува со земја.

На градилиштето, Герасимовски и полицијата затекнаа работници кои вршеа градежни активности. Ги информираа за што се дојдени и дека ќе постапуваат. Полициските службеници им посочија дека треба да се тргнат од објектот.

„Нека земат алат што имаат и да се тргнат од објектот“, му рече полицискиот службеник на еден од работниците, кој потоа му врати: „Ќе треба неколку дена за да се извади алатот“.

„Нема време, имаш половина час да го земете алатот“, му рече полицаецот.

Градоначалникот на Центар, Герасимовски, му рече на работникот дека ќе се затрупува со земја цело градилиште.

Дел од улицата „9 Мај“ зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната инспекција од Општина Центар, откога се одронил дел од улицата, третпат направила увид на градилиштето. И во претходните два увида инспекторите констатирале дека јамата е необезбедена. На првиот увид, заедно со општинскиот градежен инспектор и полицијата, излезе и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и го затворија градилиштето токму поради необезбедената градежна јама.

Remote video URL

„Во оваа држава постојат закони и мора сите да ги почитуваат. Пред неколку месеци настана проблем од страна на фирмата што го има одобрението за градба. Јамата што требаше да се спроведе – не се спроведе. Не беше заштитена зградата. Немаше 'шипови' за стабилизација на целото земјиште. Наместо -2 направен е -1 кат. Беше ставена жолта лента, но инвеститорот продолжи со градба. По решението од градежниот инспектор за враќање на земјиштето во првобитна состојба, тоа се прави денеска“, рече Герасимовски.

Штетата на улицата која пропадна поради градилиштето треба да ја санира инвеститорот. Ако тоа не го направи до крајот на рокот, штетата ќе ја санираат „Улици и патишта“, а ќе се фактурира на фирмата инвеститор.

„Има неколку казни, со вкупна вредност од 12.000 евра. Дадена е во судска постапка, таа мора да се плати“, рече Герасимовски.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе