Сондата Parker месецов ќе се приближи до Венера

Соларната сонда Parker на НАСА ќе го направи своето шесто блиско прелетување на Венера овој месец.

Тимот на мисијата во Лабораторијата за применета физика „Џон Хопкинс“ (АПЛ) во Лорел испрати серија команди што му овозможија на вселенското летало Паркер да изврши краток и прецизен маневар на 3 август за да го направи своето шесто блиско прелетување на Венера в понеделник, 21 август.

Сондата користела мали погони за само 4,5 секунди, и тие ѝ овозможиле да ја прилагоди својата брзина и насока за да се приближи до Венера. Овој маневар ја унапредил траекторијата на леталото за 124 километри и ја зголемил неговата брзина за 1,4 секунди и го „приморал“ да се приближи до втората планета од Сонцето.

URL

Parker ќе ја искористи гравитацијата на планетата за да ја „затегне“ нејзината орбита околу Сонцето за време на приближувањето. Едноставно кажано, неговата орбита ќе му овозможи да се приближи до површината на Сонцето. Леталото ќе се наоѓа на 7,2 милиони километри од Сонцето и ќе достигнува брзина поголема од 635.275 км/ч, а од НАСА велат дека ќе го соборат својот рекорд по брзина и оддалеченост од Сонцето. Досега сондата беше најблиску до Сонцето во јуни, кога беше на 8,3 милиони километри од површината на Сонцето.

URL

После тоа, НАСА планира уште едно прелетување на Венера и екстремно приближување до Сонцето на околу 6,2 милиони километри. За споредба, Земјата е оддалечена 149 милиони километри од нашата матична ѕвезда.

Parker ќе достигне брзина од 700.000 км/ч за време на ова прелетување кое е планирано за 2024 година, што е доволно растојанието помеѓу Њујорк и Токио да се помине за помалку од една минута.

Според експертите, секоја таква блиска средба нуди единствена можност за собирање податоци, како и за учење за динамиката на врелата, џиновска топка од плазма и нејзиното влијание врз Сончевиот Систем.

Сондата беше лансирана во 2018 година, а во 2021 година стана првото вселенско летало што го „допре“ прекрасното Сонце. Леташе низ короната или горната атмосфера на нашата ѕвезда.

Оваа сонда е заштитена со напреден штит благодарение на кој може да ја издржи топлината и зрачењето што доаѓаат од Сонцето. Од нејзиното лансирање, го унапреди знаењето на вселенската заедница за сончевата активност.

Научниците во оваа мисија се обидуваат да откријат енигми поврзани со Сонцето, како што е покачената температура на короната во однос на површината. Тие, исто така, сакаат да го проучат сончевиот ветер кој постојано се менува, кој исфрла поплава од интензивно наелектризирани честички во вселената.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе