Американскиот атлетичар Ноа Лајлс (26) стана нов светски шампион на 100 метри трчајќи го најдоброто време во сезоната и личен рекорд од 9,83 секунди на Светското првенство во Будимпешта.
Актуелниот двократен светски шампион во Будимпешта покажа дека го подобрил стартот и суверено стана шампион на 100 метри, а Американецот најави дека и на овој шампионат ќе се обиде да го освои златото на 200 метри.
Дури тројца спринтери завршија со време од 9,88 секунди, па така илјадити делови од секундата одлучија среброто да го освои Лециле Тебог од Боцвана, а бронзата на Британецот Жарнел Хјуз.
Инаку, ова беше четврта последователна победа на Американците на Светско првенство, а секој пат шампион беше различен спринтер.
Машкото финале на 100 метри помина без актуелните владетели на спринтот – италијанскиот олимписки шампион Марсел Џејкобс и американскиот светски шампион Фред Керли.
Имено, Џејкобс беше елиминиран во полуфиналето на трката на 100 метри по сезона нарушена со болки во грбот, а истата судбина го снајде и Керли, кој на крајот го зазеде неблагодарното деветто место.