ССМ: Договорот за недела неработен ден е при крај

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека неговата повеќегодишна иницијатива, недела да биде неработен ден, 90 отсто е прифатена од социјалните партнери. 

„Тоа за македонскиот работник ќе значи дека недела ќе биде ден на неделен одмор. За мал број на дејности, кај кои процесот на работа е од таква природа што не може да се прекине, работниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добијат зголемена дневница за најмалку 50 проценти, како што тоа е утврдено во Закон или колективен договор, како и право на слободен друг ден во неделата. Останува само да се утврди дали тоа ќе биде денот пред или денот по недела, како што бара ССМ“, истакнуваат од сојузот.

Оттаму потенцираат дека на барање на ССМ се воведуваат и строги казни за оние работодавци кои ќе го прекршат законот, чии дејности не спаѓаат во исклучоци, со забрана за работа од 15 до 30 дена и висока парична казна.

„Останува уште технички службите да го финализираат предлог текстот на Законот, а не истиот да се дополнува со желби на поединци на штета на работниците“, велат од ССМ.

Од ССМ потенцираат дека Законот за работни односи е (lex generalis), важи за сите вработени и за сите правни субјекти и не може со други закони да се дерогираат правата на работниците кои се веќе стекнати со овој закон.

Од ССМ потенцираат дека се единствениот синдикат, кој ги претставува работниците во процесот на преговори за изнаоѓање на законско решение за прогласување на недела за неработен ден, односно ден на неделен одмор. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more
 

Вести

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе