Старо-нов хит од Tesla: Како изгледа обновениот Model S?

Новото изненадување од Tesla го носи обновениот модел со бројни новитети.

Model S е на пазарот со години, а исто така со години е лидер во продажбата на автомобилската компанија на Илон Маск. Сега претрпува значителен редизајн, заедно со почетокот на производството за неколку недели.

Сосема е јасно дека целиот интерес оди во насока на кабината. Вертикално ориентираниот таблет е минато и е заменет со 17-инчен екран многу сличен на оној во помалите Model 3 и Model Y. Резолуцијата е 2200 x 1300 px, има подобрен контраст и боја, исто така како уште побрз одзив. 12,3-инчниот дигитален кокпит останува во игра.

И покрај огромниот екран, во овој автомобил екранот не е првото нешто што ќе го забележите. Главната атракција е засечениот волан кој изгледа вселенски. Нема рачки за трепкачи, а отворите за вентилација се скриени. Исклучително едноставните и чисти површини се делумно направени од дрво, што Американците очигледно многу го сакаат.

Исто толку привлечно е и на задното седиште. Задните патници добија и сопствен екран, како и ергономски дизајнирани седишта.

Најмалку измени претрпе екстериерот на Model S. Донекаде безличниот дизајн стана заштитен знак на овој модел, но и доказ дека понекогаш помалку навистина значи повеќе. Повеќето измени се видливи напред, додека од страната забележуваме само нови бандажи.

Основната верзија е Long Range со два електромотори. Performance стана Plaid со истата изведба, а подоцна доаѓа и Plaid+. Ќе има нови батерии, три електромотори и над 1.000 КС. Очекувајте рекорден опсег од дури 840 километри и забрзување од 0 до 96 км/чс за 1,99 секунди (0-100 км/ч за 2,1 с.). Ако на сè ја додадеме и максималната брзина од над 320 км/час, јасно е што значи овој автомобил. Во моментов нема сериски автомобил со подобро забрзување и нема многу седани способни за овие брзини.

Новиот Model S во САД има стартна цена од 79.990 долари, додека Plaid + ќе биде достапен по цена од 139.900 долари.

И тоа не е сѐ, бидејќи Tesla најави редизајн и на Model X. Очекувајте слична, ако не и исти новитети.

реклама

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе