Светски модели искрено зборуваа за менталното здравје и притисоците на модната индустрија
Светски познати модели, меѓу кои Каја Гербер, Палома Елесер, Алесандра Гарсија, Мика Шнајдер и Анок Јаи, во разговор со модното списание Vogue искрено зборуваа за менталното здравје, за притисоците и очекувањата на модната индустрија и јавноста, за тоа дека постои огромен притисок постојано да се биде совршен, во свет каде влегуваат на 14 години, а се „пензионираат“ до 30.