Таблета што заменува вежбање наскоро може да биде реалност

А.С.
/ 05.10.2022 / 11:35

Научниците се чекор поблиску до таблета која може да делува како вежбање.

Научниците велат дека се чекор поблиску до развој на таблета која може да ги имитира ефектите од вежбањето врз телото. Тие идентификуваа матична клетка во телото која се претвора во машина за складирање маснотии кога луѓето јадат висококалорична храна. 

Откриле дека вежбањето може да го смени овој ефект и сега се надеваат дека откритието ќе биде искористено за да се најде лек кој ќе ги таргетира овие матични клетки и ќе ја постигне истата цел.

„Исклучително е важно да се разберат молекуларните механизми кои ги поттикнуваат корисните ефекти на вежбањето и штетните ефекти од исхраната со висока содржина на масти. Можеме да разбереме како можеме да интервенираме и да развиеме лекови кои го имитираат влијанието на вежбањето на повеќе ткива“, рече водечкиот автор на студијата, д-р Манолис Келис, од Технолошкиот институт во Масачусетс.

Но, може да поминат години пред ваквата пилула да се појави на полиците, па единственото нешто што останува засега се вежбањето и здравата исхрана.

Околу четири од 10 мажи и жени во САД се прекумерно дебели, што го чини здравствениот систем околу 173 милијарди долари годишно. Најмал процент на луѓе со прекумерна тежина, според Евростат, е регистриран во Италија (46 проценти), Франција (47 проценти) и Луксембург (48 проценти), но сепак е блиску до просекот на ЕУ. 65 отсто од возрасните Хрвати се дебели, што ги прави најдебелата нација во Европа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе