TAG Heuer претстави три нови Connected Calibre E4 паметни часовници

Серијата паметни часовници TAG Heuer Connected Calibre E4 беше претставена минатата година, а компанијата на ова семејство сега му додаде уште три членови.

Како што се можеше да се очекува, часовниците се скапи, а 44 мм опцијата е најповолна со цена од 2.350 долари. Оваа верзија е помала од првичната и има 1,28-инчен екран со панел без рабови, кој е заштитен со сафирна стаклена купола. Меѓутоа, и понатаму тука е OLED екранот со резолуција од 416 x 416 пиксели.

Куќиштето е изработено од титаниум, со црна боја, и всушност станува збор за најлесниот часовник на швајцарската компанијата TAG Heuer.

Моделот Golf Edition (42 мм) има исто куќиште, но е поскап, со цена од 2.500 долари. Доаѓа со три брендирани топчиња за голф и два пара каивчиња. Едното е направено од црна кожа со зелен конец, додека другото е всушност бело гумено каивче.

Часовникот „поддржува“ 40.000 терени за голф ширум светот така што овозможуива автоматско пратење без рачно внесување. Часовникот има опција за пратење резултат, избирање на палка, како и барање локација на голф терени.

Calibre E4 Sport Edition е најскапиот од новите три и за него треба да издвоите 2.600 долари, но е и најголем. Неговата големина изнесува 45 мм, има керамички рабови околу 1,39-инчниот OLED екран со резолуција од 454 x 454 пиксели, како и гумено каивче со дупчиња - погодно за спортисти.

Што се однесува на софтверот, Sport Edition има функција Trail & Hiking, која користи барометар и ги проценува перформансите на корисникот.

Продажбата ќе почне овој месец со ветување дека ќе има надградба на Wear OS 3 кога истиот ќе биде достапен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе