Тејлор Свифт со вештачка интелигенција почна да зборува мандарински

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го привлече вниманието на своите кинески фанови оваа недела кога клип на кој зборува течно мандарински стана вирален на социјалните мрежи во Кина.

Во видеото објавено на популарната социјална платформа Weibo, 33-годишната пејачка се пофали со своите вештини за зборување мандарински во некаква емисија што изгледа како ток-шоу.

„Неодамна, бев на многу места, како Италија, Франција и Јапонија,“ вели Свифт на мандарински со благ американски призвук.

Видеото беше споделено на 21 октомври и оттогаш има над 6 милиони прегледи.

Remote video URL

Во друго видео, Свифт зборува за песни кои се запоставени и како би сакала луѓето да ги слушнат овие песни.

Remote video URL

Сепак, Свифт својата способност да зборува на мандарински јазик ја должи на вештачката интелигенција (ВИ).

Овие дипфејк видеозаписи биле генерирани со ВИ алатка од HeyGen, кинески старт-ап, пренесува порталот The China Project.

Движењата на усните се синхронизирани за да изгледа како да зборува на мандарински, а звучи како гласот на Свифт, правејќи ги видеата толку реални што ги натера кинеските корисници на интернет да ја изразат својата вчудовиденост од технологијата, со коментари како: „Ова е прекрасно!“

Но, исто така, поттикна дискусија за потенцијалните стапици што ќе се појават кога ВИ ќе стане понапредна, како на пример појава на измами, губење на работни места итн.

„Најстрашното нешто е некој да ја користи оваа технологија за да прави лажни вести – бидејќи ВИ е способна да манипулира со гласот и движењето на устата – луѓето лесно ќе поверуваат“, напиша еден интернет корисник.

Друг корисник на Weibo напиша дека би било страшно ВИ технологијата да служи за измами, бидејќи криминалците можат да ја користат за да мамат жртви за пари.

Видео генераторот напојуван со ВИ (алатка за генерирање видеа) им овозможува на корисниците да креираат видео со говорење – преку 300 гласови на повеќе од 40 јазици –  користејќи над 100 ВИ аватари од различни етнички групи, возраст, пози и облека.

Технологија како оваа предизвика загриженост за криминални примени на вештачката интелигенција. Оваа година, измамник во Северна Кина употребил дипфејк технологија за да убеди еден човек да префрли пари на наводен пријател.

Измамникот користел технологија за замена на лица, напојувана со ВИ, за да имитира пријател на жртвата во видео-повик. Човекот на крајот му префрлил околу 4,3 милиони јуани.

Во јануари, Кина воведе нови правила кои бараат од бизнисите кои нудат дипфејк услуги да ги добијат вистинските идентитети на своите корисници.

Според новите правила, секоја дипфејк-содржина мора да биде соодветно означена за да се избегне забуна.

реклама

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе