НБА 2019/2020

Торонто го изедначи рекордот за седма последователна победа над Вашингтон

Актуелниот шампион во НБА, Торонто Рапторс, ги совлада Вашингтон Визардс на домашен терен со 140:111 во дуел од НБА лигата.

Домаќините имаа дефицит на стартот од мечот, но до крајот на првата четвртина водеа со 12 поени и нивната предност достигна плус 33 во еден момент од дуелот. Седум кошаркари завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу реализира Норман Пауел, постигнувајќи 28 поени од клупата. Теренс Дејвис додаде 23, исто така од клупата, додека Марк Гасол постигна 20.

За „волшебниците“, Трој Браун Џуниор заврши со 22 поени и додаде 8 скока.

Ова беше седми последователен успех на „диносаурусите“ над „волшебниците“. Тимот на Ник Нерс го израмни рекордот за најмногу поени во историјата на организацијата – интересно е што последниот пат кога составот постигна 140 беше повторно против Вашингтон во јануари 2019 година, но по продолжение.

Ова е најголем број на поени кои Рапторс ги реализира во регуларниот дел од сезоната. Тимот имаскор од 27-14, додека Вашингтон 13-28. Во следните натпревари, Торонто гостува на Минесота Тимбервулвс, додека Вашингтон е домаќин на Детроит Пистонс.

Еве ги резултатите од другите дуели:

Индијана Пејсерс – Минесота Тимбервулвс 116: 114

Филаделфија 76-ерс – Чикаго Булс 100: 89

Мемфис Гризлис – Кливленд Кавалиерс 113: 109

Оклахома Сити Тандер – Мајами Хит 108: 115

Сан Антонио Спарс – Атланта Хокс 120: 121

Далас Маверикс – Портланд 120: 112.

реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе